Производството на ориз во Македонија е со долга традиција на одгледување. Значењето е многукртано бидејќи ги задоволува во целост потребите на домашниот пазар, извозно е ориентиран и ангажира многубројна работна сила во производството и доработката. Производството на ориз бележи константен пораст на површините и количините од 2008 до 2013 година. Во овој период е забележано зголемување од околу 80%, а на количините на произведен ориз за околу 50%. Ова во Кочани го истакна министерот за земјоделство Љупчо Димовски кој присуствуваше на традиционалното зажнејување на ориз. Производствениот потенцијал на Македонија за ориз е голем и затоа Владата и Министерството за земјоделство финансиски ја поддржуваат оваа земјоделска гранка.
Производството на ориз во Македонија е со долга традиција на одгледување. Значењето е многукртано бидејќи ги задоволува во целост потребите на домашниот пазар, извозно е ориентиран и ангажира многубројна работна сила во производството и доработката.
Производството на ориз бележи константен пораст на површините и количините од 2008 до 2013 година. Во овој период е забележано зголемување од околу 80%, а на количините на произведен ориз за околу 50%. Ова во Кочани го истакна министерот за земјоделство Љупчо Димовски кој присуствуваше на традиционалното зажнејување на ориз.
- Производствениот потенцијал на Македонија за ориз е голем и затоа Владата и Министерството за земјоделство финансиски ја поддржуваат оваа земјоделска гранка. И годинава оризопроизводителите од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството ќе добијат субвенции за хектар засадена површина. Ќе продолжиме да го поддржуваме оризопроизводството бидејќи покрај тоа што го стимулира интересот за зголемување на производството, го стимулира и интересот за вложување во доработката и пласманот - рече Димовски.
Ден претходно, на презентацијата на нови сорти на ориз на Земјоделскиот институт во Кочани, министерот Димовски истакна дека резултатите од проектот за пробното производство на турски сорти ориз во Кочанско се над очекуваното. Квалитетот на зрното е подобар, даваат поголем принос и порано зреат.
- Министерството за земјоделство го прифати проектот на турската агенција ТИКА и пролетва на површини под ориз од 5 декари на Земјоделскиот институт се насеани 15 турски сорти ориз. Исто така на површините на 20 земјоделци во Кочанско се насеани пробни количини на турски сорти ориз - истакна Димовски.
Тој додаде дека соработката ќе продолжи како проект и идната година и ако се потврдат очекувањата во приносите и квалитетот ќе продолжи производството.
Според него, турскиот пазар е голем, па оттука и пласманот на оризот ќе се реализира во целост и нема да треба, како досега, да бараме пазари за извоз.
Од ТИКА се задоволни од пробното производство на ориз во кочанскиот крај и како што најави Махмуд Чевик, проектот ќе продолжи понатаму.
- Промената на сортите ориз во Кочанско ќе значи и можност повеќе земјоделците да се запознаат со нови сорти ориз кои даваат поголеми приноси - рече градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.